Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кабинет по хемија во Гимназијата Гоце Делчев се запалил попладнево, по хемиска реакција. На терен е екипа на противпожарната единица и пожарот е изгаснат.
Бидејќи огнот зафатил дел од електричната инсталација, повикани се екипи на ЕВБН да ја исклучат електричната енергија.
Неофицијално дознаваме дека кога избувнал пожарот учениците од трета година имале час. Сите деца се пуштени дома, а во ходниците сеуште има чад. Професорите ги изнесуваат хемикалиите од кабинетот, додека пожарната единица е уште пред училиштето. Пред згрдата на гимназијата се чувствува мирис на сулфур.