×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Обоена водата во Пречистителната станица во Куманово

    23.02.2023 15:13 | Сузана Николиќ

    Водата во Пречистителната станица во Куманово заматена е со црвена боја, која дошла од фекалната канализација. Инспектори за животна средина утврдуваат кои се причините за загадувањето.

    Обоена водата во Пречистителната станица во Куманово

    „Веднаш е стапено во контакт со одговорното лице на ЈП „Водовод“ Куманово пречистителна станица и овластениот испектор за животна средина и се дадени се усни упатства да се земат примероци за анализа, да се проверат главните фекални шахти и правните субјекти кои произведуваат бои и други инсталации кои што можат да направат обојување на отпадните води“, соопштуваат од Државен Инспектор за животна средина од Одделението за инспекциски надзор во животната средина-Североисточен и Источен регион, канцеларија Крива Паланка, кои вчера извршиле вонреден инспекциски надзор и на Пречистителна станица за третирање на отпадни води во село Доброшане. 

     Резултатите од анализите на земените примероци направени во сопствената лабораторија за концентрација на влезните параметри на отпадни води покажале дека се во граничните вредности.

    Испратен е допис до Општина Куманово за запознавање на градоначалникот, а општинскиот Инспекторат да изврши вонредни инспекциски надзори во субјекти кои генерираат отпадни води и се под општинска надлежност.