×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Обука за македонски и бугарски граѓански здруженија

    28.03.2014 12:22 | KumanovoNews

    Дваесетина претставници од македонски и бугарски невладини организации, денеска беа на обука за градење на капацитети на граѓански организации, организирана од Центар за меѓукултурен дијалог.

    Обука за македонски и бугарски граѓански здруженија

    Направени се две компаративни анализи за да се види во кои сектори организациите од пограничните региони можат да соработуваат и резултатите за неколку дена ќе бидат објавени на интернет страната www.netwess.org. На истата страница невладините можат да направат профил, да ги презентираат активностите и да побараат партнер организација.

    Намерата е да ги зајакнеме овие организации за да можат полесно да соработуваат. Вмрежувањето е основа на овој проект за да можат понатаму да ги користат сите можности кои ИПА програмата ги дава и да работат на развој на овој регион. Нашето истражување кое што преходно го направивме покажа дека овој реон не е толку развиен. Имаме претставници од македонска страна од Струмица, Делчево, Берово, Кратово, Штип, Пробиштип - вели Габриела Бошков од ЦИД, координатор на проектот.

    Партнерите на ЦИД, Европски Институт од Благоевград се организација која постои од 1999 година и е една од најстарите бугарски невладини која работи со европски програми.

     Имаме и втор проект на подобна тема кој ќе продолжи, се нарекува е - регион. Сакаме со новите техники да ги поврземе непрофитните организации. Проектот почна со организации од Благоевград и Ќустендил кои имаа партнери од Македонија. Ќе можат да реализираат проекти, иницијативи и човечкиот контакт е многу важен. Во период 2014 - 2020 година прекуграничните средства се зголемуваат и тоа е мотив уште повеќе да работиме. Можеме да работиме на поле на култура, граѓански проблеми, имаме и во Бугарија многу еколошки организации - рече Љубов Панајотова, директор на Европски Институт Благоевград.

    Проектот „Изградба на погранична мрежа за ефективно и одржливо граѓанско општество“ се реализира во рамки на ИПА програмата за меѓугранична соработка од ЦИД и Европски Институт Благоевград.