Обуки за регистрација и паушално оданочување на земјоделците
04.12.2014 09:27
| KumanovoNews
Вработените во УЈП месецов ќе одржат бесплатни обуки, за регистрација и паушално оданочување на земјоделците во нашиот регион.

За да учествуваат на обуката, земјоделците треба два дена однапред да се пријават.
Во Липково обуката ќе се одржи на 10 декември во просториите на општината. Во Ранковце ќе биде на 15 декември, исто така во општинските простории. Земјоделците од Крива Паланка обука ќе следат на 17 декември во општина Крива Паланка. Во Младо Нагоричане обуката ќе се одржи на 18 декември во основното училиште “Христијан Т.Карпош“. Во Куманово во Центарот за земјоделство обука ќе се реализира на 24 декември.