Од 1 октомври почнува ловот на крупен дивеч
14.09.2015 12:07
| KumanovoNews
Од 1 октомври почнува ловот на крупен дивеч и ќе трае до 31 јануари, по што почнуваат хајките.

Во ловиштата ловците можат да ловат лисици, диви свињи, јазовци и други видови на животни кои спаѓаат во крупен и штетен дивеч.
За штетен дивеч нема ограничување колку смее да се улови, а за дива свиња има ограничување. Зависно од тоа за колку е донесена одлука за отстрелување и колку по стопанска основа можат да се отстрелаат и да се пуштат нови единки - кажа Јовица Стојиќ, член на ловечко друштво „Шќипоња“.
Кога ќе заврши ловот на крупен дивеч, почнува фаза на размножување на дивечот.