×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од 2022 општините ќе добиваат повеќе пари од ДДВ и персонален данок

    25.09.2021 07:37 | Сузана Николиќ

    Општините од наредната година ќе добиваат повеќе пари од даноците кои ги собира државата. Со измените на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, кој помина на владина седница и ќе биде поднесен на усвојување во Собранието, се предвидува повеќе пари да се влеваат во општинските каси од персонален данок и од данокот на додадена вредност (ДДВ).

    Од 2022 општините ќе добиваат повеќе пари од ДДВ и персонален данок

    Наместо 3 отсто од персонален данок, општините догодина ќе добиваат 4 отсто, во 2023 пет отсто, а во 2024 процентот кој ќе оди кај Општините по овој основ ќе биде 6 отсто. Поголем процент од парите кои државата ќе ги собере од ДДВ исто така ќе се даваат на Општините. Наместо сегашните 4,5 отсто, во 2022 процентот ќе биде пет, во 2023 ќе биде 5,5, а во 2024 шест отсто.

    Ваквите измени на законот се дел од реформите за финансиска децентрализација со што Општините ќе бидат финансиски постабилни.

    „Со три проценти од персоналниот данок досега за единиците на локалната самоуправа одеа 600 милиони денари, односно околу 10 милиони евра годишно. Со зголемувањето од 2024 година, по овој основ Општините ќе добиваат дополнителни 12 милиони евра. Во однос на ДДВ, околу плус 27 милиони евра ќе добиваат Општините од 2024 година кога процентот ќе биде 6 отсто“, рече министерот Фатмир Бесими.

    Законот ќе оди на усвојување во Собранието по завршување на локалните избори.