×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од 21 јануари угостителските објекти ќе работат до 21 часот

    14.01.2021 11:28 | KumanovoNews

    Од 21 јануари кафулињата и рестораните повторно ќе работат до 21 часот.

    Од 21 јануари угостителските објекти ќе работат до 21 часот

    Министерот за здравство Венко Филипче вели дека епидемиолошката слика во земјава е стабилна, се намалува бројот на хоспиталиизрани пациенти во болниците и има слободни болнички кревети, со што се овозможува враќање на работното време на угостителските објекти.

    „Од 21 јануари сигурно е дека угостителските објекти ќе работат до 21 часот. Ќе се разгледува барањето и можноста да работат и до 23 часот. Мерките кои беа воведени пред Нова година додоа резултат, имаме стабилна состојба и засега друго олабавување нема да има“, рече министерот Филипче.

    Кафулињата и рестораните од 18 декември работат до 18 часот како дел од мерките на Владата донесени пред новогодишните празници, со цел да се спречат групирања и новогодишни прослави.