Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од денеска граѓаните ќе можат повторно да ги плаќаат своите сметки во Македонска пошта. Од Пошта во Куманово информираат дека со работа отпочнаа подружницата 1300 во Куманово, 1330 во Крива Паланка и 1360 во Кратово, додека оние што се наоѓаат во населбите и селата од наредната недела.
„Во почетниот период на шалтерите на поштата ќе се врши прием на наплата само за фактурите за коминални услуги, како и платните налози ПП50, додека останатите услуги од платниот промет ќе се водевуваат постепено. Од следната недела ќе започнат со работа и помалите пошти во населбите и селата во општините во Североисточниот регион“, изјави Јовица Спасовски, раководителот на Македонски пошти - Куманово.
Главната пошта во Куманово со странки работи секој ден од 7 до 19.30 часот.
Согласно договорот потпишан меѓу Македонска пошта и Халкбанк АД Скопје, која беше избрана за банка преку која ќе се одвива платниот промет на Пошта, Халкбанк ја исполни својата обрска според која до 1 март требаше да го имплементира системот за наплата за Македонска пошта.
(С.Н.)