Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општина Куманово на секое прваче кое ќе се запише во учебната 2023/24 година ќе му даде по 2.000 денари. Советниците вчера ја донесоа оваа одлука со цел да им ги олеснат трошоците на семејствата на новите ученици.
„Ова е прва година како се даваат субвенции на родителите кои запишуваат ученик во прво одделение во учебната 2023/24 година, и исплатата ќе врши по ученик. Определено е да се исплатува по 2000 денари. Барањата можат да се поднесат во Општина Куманово или во училиштата од 1. јуни до 30. септември, откако детето ќе се запише во училиште. Посакувам ова да стане пракса и да се спроведува секоја година, бидејќи и оваа симболична сума е од помош на семејствата на учениците“ , изјави Александар Јовановиќ, раководител на Секторот за образование во Општина Куманово.
Предлогот за давање на финансиска поддршка на семејствата кои имаат првачиња беше предложена од советничката група на СДСМ уште минатат година, но не се најде на дневен ред. Тогаш советниците од власта кажаа дека треба да се осмисли и правно да се обработи пред да се донесе.
„Ние како советничка група на СДСМ и коалицијата сакаме да се заблагодариме на Општината што беше прифатен нашиот предлог за субвенционирање на семејствата кои имаат запишано ученик во прво оддление и ги повикувам сите колеги да го гласаат предлогот“, кажа советникот Дејан Ивановски.
Советниците кажаа дека одлуката е правична и се однесува на сите семејства кои имаат првачиња , а треба да покаже дека локалната самоуправа се грижи за најмалите. Од годинешново искуство ќе се креираат политики за наредните години за поддршка и на други категории на ученици.
Субвенции на првачињата веќе има во повеќето градови во земјата.