×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од кумановските училишта во оваа учебна година се отпишале 235 ученика, 182 се преселиле во странство, 53 во другите општини

    02.02.2023 19:19 | Сузана Николиќ

    Вкупно 235 ученици од основните и средни училишта во Куманово се отпишале од почетокот на учебната 2022/23 година, затоа што со семејствата се отселите во странство или во другите општини во земјата. 

    Од кумановските училишта во оваа учебна година се отпишале 235 ученика, 182 се преселиле во странство, 53 во другите општини

    Повеќе отпишани ученици има во основните училишта и тоа во проценти изнесува околу 2 отсто од вкупниот број на запишани ученици, во однос на средните училишта каде процентот изнесува 1,4 отсто.

    „Во учебната 2022/2023 година во општинските основни училишта до 02. февруари годинава,  отпишани се вкупно 201 ученик од вкупно 10.097 запишани ученици. Од отпишаните ученици, 37 ученици се отпишани поради преселба во друга општина во Македонија, а 164 ученици се отпишани поради преселба во друга држава“, велат од Секторот за образование во Општина Куманово.

    Во општинските средни училишта се отпишани вкупно 34 ученика од 4.126 запишани ученици. Од нив 18 заминале во странство.

    Минатата учебна година година била уште полоша, па од вкупно 10.209 ученици 220 се отпишале во текот на годината. Од нив 155 заминале во странство, а 65 се преселиле во околните градови.

    Од четирите средни училишта  се отпишале 60 ученика, од кои 54 ученици заради преселба во друга држава.

    Празнењето на основните и средни училишта во Куманово не е ново, и трае со години, како и во другите градови во државата. Причините се добро познати, падот на наталитетот, општинската миграција, но највеќе поради иселувањето на цели семејства од државата.