Од недела летно сметање на времето
26.03.2014 10:32
| KumanovoNews
Во недела, почнува летното сметање на времето. Стрелките на часовникот во два часот наутро ќе се поместат за еден час на напред.

Преминот од летно на зимско време првпат е забележан во 1916 година во земјите на северот на Европа, а досега е воведено во околу 70 земји, за да се заштеди енергија.