×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од ноќеска започнува летното сметање на времето

    27.03.2021 09:01 | KumanovoNews

    Од ноќеска (28.03) во два часот по полноќ почнува летното сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час понапред и во 2 часот ќе покажуваат 3 часот. Летното сметање на времеот ќе заврши на 31. октомври годинава во 3 часот, кога ќе се премине на зимското сметање на времето.

    Од ноќеска започнува летното сметање на времето

    Преминот од летно на зимско време првпат е забележан во 1916 година во земјите на северот на Европа, а досега е воведено во околу 70 земји, за да се заштеди енергија.

     Се очекуваше оваа година да се укине задолжителното поместување на часовникот во земјите на Европската унија. Предлогот беше одобрен од страна на Европскиот парламент и секоја членка на Унијата  требеше да има можност да избере дали да остане во летното сметање или во зимското сметање на времето. Но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука, па не е сосема сигурно дека ова ќе биде последното поместување на часовниците во ЕУ.