×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од полноќ поевтинува дизелот и бензинот

    14.11.2022 12:43 | KumanovoNews

    Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,47% во однос на одлуката од 7.11.2022 година.

    Од полноќ поевтинува дизелот и бензинот

    Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит. 

    Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,806 ден/кг и сега ќе изнесува 49,189 ден/кг.

    Од утре моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава по 93,50 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 по 96,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) по 96,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) по 91,00 (денари/литар), Мазут М-1 НС по 49,189 (денари/килограм).