×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од понеделник ќе се вакцинираат вработените во основните и средни училишта

    03.07.2021 09:29 | KumanovoNews

    Од понеделник ќе се вакцинираат вработените во основните и средните училишта во државата, а ќе започне и закажувањето на термини за вакцинација на вработените во високото образование, со цел да се имунизираат сите вработени во образованието пред почетокот на новата учебна година, информира Министерството за здравство.

    Од понеделник ќе се вакцинираат вработените во основните и средни училишта

    „Овој процес на имунизација на наставниот и ненаставен кадар вработен во образованието, како дел од критичната инфраструктура го спроведуваме за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2021/2022 година.  Следната недела  ќе започне закажувањето термини за вакцинација и на вработените во високо образовните институции“, соопштува Министерството.