×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од понеделник ќе се затвори за сообраќај мостот во Проевце

    04.03.2022 07:41 | Сузана Николиќ

    Во наредните 6 месеци ќе биде затворен за сообраќај мостот на реката Кумановка во населбата Проевце, на регионалниот пат Куманово - Свети Николе. Како што соопштуваат надлежните затворањето е поради реконструкција на мостот.  

    Од понеделник ќе се затвори за сообраќај мостот во Проевце

    „Согласно одобрението за пренасочување на сообраќај со број 11-уп-7/4 од 01.03.2022 година, издадено од Министерство за транспорт и врски на Република Македонија, ве известуваме дека поради изведување на санациони работи од 07.03.2022 година, мостот на река Кумановка на Р1204 делница Куманово – Свети Николе во наредните 6 месеци ќе биде затворен за сообраќај“, соопштуваат од АМСМ.

    Додека трае забраната за движење по мостот, сообраќајот кон Свети Николе од граничниот премин Табановце и од Крива Паланка, наместо по обиколницата ќе се одвива низ центарот на Куманово.

    Санацијата на мостот  започна минатиот месец, а вредноста на проектот е околу 1 милион евра.

    Со реконструкцијата ќе биде опфатен целиот мост, кој се наоѓаше во катастрофална состојба, со дупки по коловозот и скршена заштитна ограда.  

     „Градежните активности опфаќаат санација на столбовите, менување на лежиштата, санација на челичната конструкција, санација на отворената дупка на коловозот, бетонирање на нова коловозна плоча, нова хидроизолација, нови дилатации, нова еластична одбојна ограда и нови тротоари. Санацијата на мостот ќе изнесува 59.733.742, 00 денари без ДДВ“, соопштуваат од Јавното претпријатие за државни патишта за Кумановоњуз. 

    Санацијата на мостот над реката Кумановка на регионалниот пат Р1204 кај село Проевце ја изведува фирмата „Синтекс инжинеринг“ Скопје, а подготовките се започнати при крајот на јануари. Рокот за изведување на градежните работи е 15 месеци.