×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од понеделник пајакот пак на улица

    02.05.2014 12:11 | KumanovoNews

    Пајак службата од понеделник повторно ќе биде во функција, најавуваат од јавното претпријатије “Куманово - паркинг“.

    Од понеделник пајакот пак на улица

    Директорот Фадиљ Шабани вели дека сите технички и организациски подготовки се завршени и по неколку месечна пауза пајак возилото повторно ќе излезе на терен.

    Неправилно паркираните возила ќе бидат подигнати и ќе се однесат на авто плац Заза на 200 метри пред раскрсницата на влезот на населбата Карпош. Процедурата за враќање на возилото останува иста, што значи, сопствениците на кои ќе им биде подигнато возилото ќе треба да отидат таму, и да ја платат казната. Казните остануваат исти, 2000 денари за однесено возило на депо, а ако се плати на лице место е 1000 денари - вели директорот  Шабани.

    Тој најавува дека од понеделник ќе работат неселективно и нема никого да толерираат за непрописно паркирање, и затоа ги повикува граѓаните да внимаваат каде ги оставаат своите возила.

    Шабани вели дека по расчистување на центарот на градот, ќе ги тргнат и непрописно паркираните возила на периферија, а се планира набавка на уште две нови пајак возила.