×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од понеделник вакцинација на вработени во МВР, АРМ, судови, медиуми, градинки...

    30.03.2021 11:23 | KumanovoNews

    Национална техничка група за имунизација против ковид-19 донесе одлука од почетокот на следната недела да започне и вакцинацијата на вработени во, како што се нарекува,  критичната државна инфраструктура и за нив се издвоени 4.000 дози вакцини од првичните 24.000 со кои од утре започнува вакцинацијата на граѓаните над 75 години.

    Од понеделник вакцинација на вработени во МВР, АРМ, судови, медиуми, градинки...

    Во критична инфраструктура влегуваат следните групи: вработени во Министерството за внатрешни работи (МВР), кои се најизложени на ризик а за кои МВР треба да достави списоци согласно ризикот, вработени во АРМ исто така согласно список доставен од институцијата за најизложените групи, новинари вработени во медиуми, вработени во обвинителство и судови, возачите на автобуси во ЈСП „Скопје“, пожарникарите, вработените воспитувачки во градинките и вработените на патарините.

    „Со оваа одлука техничката група за имунизација смета дека ќе се заштитат оние вработени кои имаат најмногу контакти и се во голем ризик. Сите останати групи согласно степенот на ризик ќе бидат вакцинирани во следните фази и апелираме за трпение и разбирање“,соопштува Министерството за здравство и ги повикаа граѓаните да продолжат максмално да ги почитуваат мерките за лична заштита.