×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од први јуни да не се носат маски на отворено и да се дозволат свадби до 100 гости, предлага Комисијата за заразни болести

    28.05.2021 13:29 | KumanovoNews

    Од први јуни, маски не мора да се носат на отворено, препорача денеска Комисијата за заразни болести. Останува на сила полицискиот час, но се олабавуваат другите мерки односно се дозволува правење свадби и веселби, а во рестораните и кафулињата на една маса можат да седат до 6 лица.

    Од први јуни да не се носат маски на отворено и да се дозволат свадби до 100 гости, предлага Комисијата за заразни болести

     Ваквите препораки до Владата, како што велат од Комисијата, се донесени бидејќи пандемијата стивнува и од недела во недела се намалува бројот на активни случаи.

    Комисијата до кризниот штаб на Владата ќе ги предложи следните олабавувања:

        Од 1 јуни, заштитните маски да не бидат задолжителни на отворено. Маските на сите затворени места, јавен превоз и секаде каде не може да се одржува препорачана дистанца остануваат задолжителни.

        Да престане да важи забраната за групирање на отворено. При групирање на повеќе лица останува препораката да се носат заштитни маски.

        Да се дозволи организација на свадби и прослави на отворено со максимум 50% исполнетост на капацитетот во отворениот дел, но не повеќе од 100 гости. Максимум дозволен број на гости на една маса да биде 6.

        Спортските натпревари кои се играат на отворени терени да се играат со публика, но со максимална исполнетост од 30% од капацитетот на стадионот.

        Да им се дозволи на угостителските објекти да примаат по 6 гости на една маса,  додека сите останати рестрикции за нив остануваат на сила.

        Полицискиот час останува на сила.

    Од Министерството за здравство велат дека во текот на оваа и следната недела, Комисијата за заразни болести во соработка со организаторите на настани ќе работи на прецизирање на протоколите за одржување на настани и концерти на отворено, а по 15 јуни според договорените протоколи ќе бидат дозволена и организација на ваков тип настани.

    „Состојбата е стабилна, но искуството ни покажа дека многу лесно може да се влоши доколку не се почитуваат мерките онака како што се предвидени. Затоа апелирам до стопанските субјекти и граѓаните целосно да се придржуваат до препораките“, велат од Министертсвото.

    Во земјавата во моментов бројот на активни случаи е 2.499.

    (извор. сдк.мк)