Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Влажен и студен бран што ќе донесе нови врнежи од дожд и снег се очекува од утре до четврток.
Утре на пониските места ќе има врнежи од дожд, додека пак на повисоките места ќе врне снег.
Од среда се очекуваат врнежи само од снег а ќе дува и засилен северен ветар, што ќе доведе до создавање услови за формирање на навеви.
Стабилизирање на времето се очекува четврток попладне кога врнежите ќе престанат.