×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од утре полицискиот час од полноќ до 4 часот наутро, одлучи Владата

    11.05.2021 11:43 | KumanovoNews

    Од среда полицискиот час ќе започнува на полноќ а ќе трае до 4 часот наредниот ден, терасите на кафеаните ќе работат до 23.30 часот, а со работа ќе почнат и фитнес центрите, одлучи Владата на денешната седница.

    Од утре полицискиот час од полноќ до 4 часот наутро, одлучи Владата

    „Забраната и посебниот режим на движење на населението и возилата од јавен превоз од 12 мај почнува од 24 часот до 04 часот наутро наредниот ден. Дозволено време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) е до 23:30 часот. Сите настани може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор. Вежбалните, фитнес центрите и теретаните може да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите, почнувајќи од 12 мај 2021 година“, соопштуваат од Владата.