Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Oд утре започнува етапната исплата на јунските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот ковид-19.
За пензионерите кои не користат картички, подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:
За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.06.2021 година (вторник);
За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.06.2021 година (среда);
За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.07.2021 година (четврток);
За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.07.2021 година (петок).
Пензионерите, кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 29 јуни (вторник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.
Од Министерството за труд и социјална политика апелираат пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.