Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Исплатата на јулската социјална помош, со одлука на Владата, ќе започне на 4 август.
Владата го задолжи Министерството за труд и социјална политика да ги доставии списоците за корисниците на парични права од социјална заштита до деловните банки, најдоцна до 3 август, со што од 4 август деловните банки ќе обезбедат достапност на средствата од јунските исплати на паричните права од социјална заштита преку банкомати и во трговските мрежи.
За корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 3 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:
- 4 август (вторник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ,
- 5 август (среда) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О,
- 6 август (четврток) –П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.