×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Одбележан Денот на Европа во Куманово

    09.05.2013 14:05 | KumanovoNews

     На Градскиот плоштад, денеска учениците го одбележаа Денот на Европа, со културно - забавна програма и промоција на неколку европски земји.

    Одбележан Денот на Европа во Куманово

    Прославата ја отвори градоначалникот Зоран Дамјановски, а на настанот присуствуваа претставници од грчката и холандската амбасада.

     Овој ден е значаен, бидејќи седум земји членки пред 63 години потпишаа договор за основање на европската заедница.  Сонот на Македонија како дел од европскиот континет е да биде дел од Европска Унија. Македонија дваесет години работи на реформи и процеси да се корегираме и да бидеме членка на ЕУ - изјави Дамјановски.

    На присутните им се обрати и Гаврил Стилијанос, заменик амбасадор на Република Грција во Македонија, кој кажа дека ЕУ е формирана како заедница каде војните меѓу народите ќе бидат незамисливи. Тој рече дека и покрај потешкотиите со кои се соочува ЕУ, огромна е желбата на земјите да бидат дел од заедницата.

     Од многу други градови денеска одбравме да бидеме во Куманово, не само поради тоа што лично уживам во убавините на овој прекрасен град во кој ја имам таа привилегија доста често да доаѓам, туку затоа што е вистински европски модел на заедница каде што живеат речиси сите етникуми кои се од оваа земја. Куманово е исклучително интересен и динамичен град со богата културна, природна средина и привилегирана географска положба. Голем број на грчки и други компании се основани во вашиот град - вели Стилијанос.

    На Градскиот плоштад беа поставени штандови на кои се промовираа Грција, Холандија, Велика Британија и Литванија.

    Европската Унија е основана на денешен ден пред 63 години.