×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Одбележан Денот на пожарникарите

    20.05.2015 12:09 | KumanovoNews

    Во просториите на Територијалната противпожарна единица Куманово, денеска беше одбележан 20 мај - Денот на пожарникарите во Македонија.

    Одбележан Денот на пожарникарите

    Од ТППЕ Куманово рекоа дека со 8 исправни возила и со педесет вработени се подготвени за претстојната летна сезона, кога ќе имаат повеќе работа.

    “ Оваа година со оглед на состојбите во нашиот град, одлучивме да не правиме вежби како обично, туку со мал коктел да го одбележиме нашиот празник и да ги повикаме луѓето со кои соработуваме, кои ни се блиски како по служба, така и приватно. Досега имаме 184 интервенции, што во просек е како и секоја година. Во летниот период ќе има повеќе пожари, доста добро сме екипирани“ - изјави Деан Илиевски, командир на ТППЕ Куманово.

    Пожарикарите објаснија дека на 9 и 10 мај додека траеја вооружените дејствија, интервенирале во населба Тоде Мендол при што изгасиле неколку запалени куќи и извлекле над 20 цивили, за што никаде јавно не биле пофалени, ниту спомнати.

    “Од полиција не повикаа таму, нашата работа е таква и веднаш отидовме. За жал досега не бевме ни спомнати на ниту една национална телевизија, освен во локалните медиуми. Тоа е голема неправда. Бевме под силно полициско обезбедување, се пукаше на сите страни“- вели Даниел Илиевски, пожарникар.

    Најмладиот пожарникар 24- годишниот Стефан Крстевски вели дека нивната работа е ризичка, но и хумана.

    “Опасно е , никогаш не се знае на каков пожар ќе налетаме. Помладите треба да учиме од постарите, бидејќи ова е екипна работа“ - рече Крстевски.

    На коктелот пожарникарите дискутираа за интервенциите кои досега ги имале, но и за предизвиците кои ги очекуваат во наредниот период.