Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Сo Свечена академија во организација на Српски културен центар, синоќа во Занаетчискиот дом во Куманово, заврши одбележувањето на празникот „Свети Сава“, национален празник на Србите во Македонија.
На прославата присуствуваа бројни гости од Србија и земјава, а домаќин им беше градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.
„Куманово е мултикултурен, мултиетнички град, живееме во мир и разбирање повеќе од десет етнички заедници, различни по политички и верски уверувања. Куманово е град со бурна историја, се одиграле голем број на значајни битки не само на овие простори туку и пошироко на Балканот. Град којшто е вражан во македонската, но и во балканската историја. Токму вечерва ова одбележување на овој голем празник за Србите во Македонија, „Свети Сава“ е еден од тие убави моменти. Во мое лично име и од името на сите граѓани на општина Куманово, на сите Срби во Македонија им го честитам овој голем празник“, рече Димитриевки во обраќањето.
Во културно- уметничката програма учествуваа актери од Српско народно позориште, оперскиот пејач Оливер Њего и оркестарот „Станислав Банички“- уметнички ансанбл на Министерството за одбрана на Р.Србија, како и ученици кои посетуваат настава на српски јазик и КУД „Српски вез“ од Куманово.
Предходно, српската делегација предводена од потпретседателот на Владата и министер за одбрана, Милош Вучевиќ, беше во посета на основното училиште „Карпош“ во с. Умин Дол, како и во просториите на КУД „Српски вез“.
„Свети Сава“ е национален празник на Србите во Македонија, и 27 јануари е неработен ден за сите припадници на српската националност.