×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Одбележана 79-годишнината од доаѓањето на Британската воена мисија во Козјачкиот регион

    17.11.2022 10:29 | Сузана Николиќ

    Офицери од Британската армија во Втората светска војна, една година престојувале во Кумановско-Козјачкиот Регион за да ги обучат партизаните како да се борат против бугарскиот фашистички окупатор. 

    Одбележана 79-годишнината од доаѓањето на Британската воена мисија во Козјачкиот регион

    Петчлената британска мисија ја сочинувале мајор Мостин Дејвис, капетан Френк Томсон, капетан Дагмар и двајца радиотелеграфисти. Во селото Пелинце тројца пристигнале на 15 ноември 1943 во придружба на поетот Ацо Шопов со Шарскиот партизански одред, а пет дена подоцна двајца биле спуштени со падобран. Домаќин на британската мисија бил лично командантот Христијан Тодоровски-Карпош.

    Откако билa комплетирана, воената мисија воспоставила контакт со нивната база во Каиро, по што започнала испораката со падобрани на оружје, муниција, експлозив, храна и облека, за партизаните и за месното население. Со доставената опрема и облека целосно бил вооружан Кумановскиот одред, а партизаните биле облечени во британска воена униформа. Храната во конзерви покрај на војската се делела и на месното население.

    Воената британска мисија била била пречекана со голема радост и почит не само од борците на Кумановскиот партизански одред, туку и од месното население. Веднаш по пристигнувањето во селото подготвиле свечен ручек, грав со овчо месо и топол леб.

    Од петчлената британска група преживеал само капетан Дагмар, кој ја продолжил својата мисија до одржување на Првото заседание на АСНОМ, а потоа се приклучил на останатиот дел од Британската мисија во главниот штаб на НОБ во Македонија. Останатите во мај 1944 заминале во борбите со фашистичкиот окупатор на границата кон Бугарија, мајорот Мостин и еден радиотелеграфист биле заробени и ликвидирани, додека капетанот Томсон успеал да се пробие до бугарските партизани. Но, набрзо бил заробен и осуден на смрт. На местото каде што е стрелан во Софија постои спомен-обележје. 

    Во знак на благодарност за оваа несебична помош, Здружението на армиски и полициски ветерани од Куманово во ноември 2018 година, на 75-годишнината од доаѓањето на британската мисија, постави спомен-плоча на куќа во селото, во која престојувала мисијата.

    Иницијатаивата и идејата била на првоборецот Дане Цеков, кој во неговата последна книга пишува за оваа воена мисија која престојувала на Козјачкиот регион. 

     Вчера повеќе делегации ја посетиле куќата во с.Пелинце каде што претојувала британската воена мисија.