×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Одбележани 79 години од Февруарскиот поход, министерот Спасовски го оценува како пресвртница во воено-стратешкиот план за победа

    10.02.2023 14:15 | Жаклина Цветковска

    Сојузот на борци од Народноослободителна антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и граѓаните продолжувачи денеска одржаа трибина по повод Февруарскиот поход.

    Одбележани 79 години од Февруарскиот поход, министерот Спасовски го оценува како пресвртница во воено-стратешкиот план за победа

    На настанот присуствуваше и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој осврнувајќи се на значењето и наследството од Февруарскиот поход, рече дека тој пртставува  пресвртница во воено-стратешкиот план после кој се динамизира патот до конечна победа на НОВ и одржување на Првото заседание на АСНОМ, но и како доказ за самосвеста на македонскиот народ.
    „Во тие денови на траење на операцијата од 31 јануари до 24 февруари 1944 година била демонстрирана силната и непоколеблива волја, победничкиот морал и слободарски дух на припадниците на партизанското движење на Македонија, изразен со високата политичка свест на борците и на населението за постигнување на крајната цел – создавање македонска држава”, посочи министерот Спасовски.
    Тој истакна дека иницијативата на Сојузот на борци на Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија говори за тоа дека антифашистичката борба има масовен општонароден карактер во Македонија, дека антифашизмот е принцип на македонската борба.

    „Хероите кои се тука присутни и денеска нè потсетуваат дека слободата никому не му е подарена, а визијата на секој лидер е да ја чува и негува татковината, да носи вистински одлуки во вистинско време што особено беше потребно во реализацијата на нашата стратешка определба како држава со зачленувањето во НАТО и кон нашата истрајност за полноправно членство на земјава во ЕУ”, истакна министерот Спасовски.

    Во февруари 1944 година,Народноослободителната војска на Македонија извршила оперативни дејства на територијата на Македонија. По пролетната офанзива биле создадени покрупни слободни територии и се создале можности за свикување на Првото заседание на АСНОМ.