Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Младинскиот оркестар синоќа одржа концерт во малата сала на Центраот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Пред публиката беа изведени популарни мелодии од Тоше Проески, Росана, Лозано, Брејк, како и познати хитови од регионот.
Убава музика, со убава мелодија и со убава порака е мотото под кое може да се категоризира овој концерт.
„Концертот го посветивме на жената и виното, љубовта и убавата музика, тие секогаш одат заедно. Во современиот свет жената е рамо до рамо со мажите, но борбата никогаш не смее да престане за да бидеме сите еднакви“, изјави Александар Митрички, ментор на оркестарот.
Младинскиот оркестар е повеќе од 3 години дел од установата и досега има настапувано на многу манифестации во државата и во странство.
„ Куманово имало и уште ќе дава млади таленти со кои ќе се гордее овој град“, истакна Митрички во воведниот говор.
Салата беше исполнетоста до последно место од посетители.