11. 08. 2020 21:43

Одложен состанокот за протоколи за настава на МОН и Комисијата за заразни болести

Одложен состанокот за протоколи за настава на МОН и Комисијата за заразни болести

Денешната средба помеѓу Комисијата за заразни болесни и работна група на Министерството за образование и наука, која е воедно и продолжение од вчера, е одложена за утре.

На состанокот треба официјално да се утврди начинот на реализација на наставата за новата учебна година, која треба да започне на 1 септември. Протоколите треба да овозможат најдобра и најбезбедна работа на наставниците и учениците.

„Мерките за заштита и потребните протоколи што треба да бидат вклучени за заштита на децата и наставниците во целиот тек на едукативниот процес, се подготвени од страна на Комисијата за заразни болести. Но, Министерството за образование и наука ја има надлежноста и треба да ја донесе финалната одлука во врска со почетокот на учебната година и начинот на одвивање на наставата. Ќе се продолжи со разговори за договор на двете страни,“ соопшти Министерството за здравство.

Од вкупниот број на родители, мал број јавно се изјаснија дека децата треба да останат дома со онлајн настава. Исто така, сметаат дека и еден родител мора да биде ослободен од работа затоа што децата не можат самостојно да опстојуваат дома.

(Д.Д.)

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk