×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Одлучно за промени“ ќе засади 1000 дрвја за 1000 гласа

    22.10.2021 12:02 | Сузана Николиќ

    Движењето „Одлучно за промени“ утре во селото Орашац ќе спроведе акција за пошумување, со што симболично ќе засадат 1000 дрвја колку што добија гласови во првиот круг на локалните избори. Кандидатката за градоначалничка Теодора Димитровска ги повика граѓаните да им се придружат на акцијата, а останатите кандидати да го следат нивниот пример и да дадат свој придонес во зачувување на животната средина.

    „Одлучно за промени“ ќе засади 1000 дрвја за 1000 гласа

    „Во текот на кампањата покажавме дека секој глас ни значи и нашето мото беше „Твојот глас значи“ и така сакаме да продолжиме. Утре ќе спроведеме акција во која ќе засадиме онолку дрвја, колку што ни дадовте гласови. Мислам дека програмите остануваат само лист хартија доколку не бидат исполнети и реализирани. Tака што како движење одлучивме да го исполниме она што граѓаните ни го дадоа, нивната доверба, со тоа што ќе засадиме повеќе од 1.000 дрвја, затоа што јас кандидат за градоначалникот и советничката листа зедовме над 1.000 гласа. 1000 гласа, 1000 дрвја, затоа што секој глас за нас значи и ги слушаме потребите на граѓаните. Она што ние ќе го направиме е показател на тоа дека и после изборите и сите програми да останеме на тоа да си го градиме градот во каков што сакаме да живееме“, кажа Димитровска. 

    Таа ги повика сите кандидати кои се уште се во трката, но и оние кои испаднаа, своите гласови да ги преточат во подобрување на животната средина и стандардот во Куманово.