Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Екипи на основното училиште „Браќа Миладиновци“ и гимназијата „Гоце Делчев„, победија на 17-тиот општинскиот натпревар по противпожарна заштита што денеска се одржа во Куманово.
Во категоријата основни училишта втори се учениците од „Кочо Рацин„, а трети од „Крсте Мисирков„, додека кај младинците второто место припадна на „Наце Буѓони„, а третото на Доброволното противпожарно друштво „Перо Чичо„.
Квизот го организира Противпожарниот сојуз Куманово со Доброволното противпожарно друштво „Перо Чичо„ и Дирекцијата за заштита и спасување-Куманово.
Натпреварот се организира за да подигне масовната култура за заштита од пожарите. Интересот од училиштата оваа година беше голем, поради што вчера направивме тестирање и селекција, па најдобрите три екипи денеска се натпреваруваа во категориите основни и средни училишта. Победниците од овој квиз ќе го претставуваат градот на регионален натпревар во Кратово, а ќе добијат и награди и признанија-вели Часлав Јовановиќ, претседател на Противпожарниот сојуз Куманово.