×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Одржана седницата на Совет

    27.05.2010 14:02 | KumanovoNews

     Од тековните резерви на Буџетот на општината Куманово ќе бидат издвоени 1,5 милиони денари за санирање на последиците од неодамнешната поплава што го зафати Спортско-рекреативниот центар Пелинце.

    Одржана седницата на Совет

     Ваква одлука донесе  Советот на општината Куманово на денешната седница,како дополонителна точка од дневниот ред. Без расправа беше усвоен извештајот за работењето на Јавното претпријатие „Куманово-гас„ за минатата година,а советниците особен интерес за дискусија пројавија во врска со Информацијата за преземените мерки и активности во текот на првите три месеци од годината од страна на Полициската станица од општа надлежност Куманово. Расправата и прашањата на народните избраници беа од повеќе области како што се безбедноста на граѓаните,општиот криминалтет  во градот и но и во селските населби како и регулирање на сообраќајот и решавање на проблемите со такси-превозот на диво,градскиот автобуски превоз и  изнаоѓање на адекватен простор за паркирање на тешките товарни возила, кои засега се паркираат каде што ќе најдат слободно место во градот.

      Дека состојбите на овој план во градот невистина загрижуваат потенцираше и грдоначалникот Зоран Дамјановски  кој меѓу другото рече дека таксирањето на диво и тесните сообраќајни грла се рак-рана на градот И дека мора да се бараат начини како тоа да се надмине.

    Советот на општината Куманово на денешната седница  расправаше и во врска со тековното работење на Јавното претпријатие „Чистота и Зеленило„ во делот на статутарните измени и дополнувања.