Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
При рутинска контрола на патничко моторно возило полицијата откриле поголема количина на кондиторски производи со поминат рок.
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со МВР извршиле претрес на домот на возачот на возилото, при што пронашле 34 пакети со т.н. флипс производи и 35 пакети оризови барови со различни вкусови, грицки и други кондиторски производи во количина од 250 килограми.
Утврдено е дека пронајдените производи се со поминат рок по што, како небезбедени, биле одземени од инспекциските служби на АХВ.
Како што информира АХВ, производите биле набавени од различни магацини и се нуделе и продавале на скопскиот пазар за стари работи во Маџари, како и на пазарот во Шуто Оризари во Скопје.
„Сторителот е казнет со парична казна од 400 евра во денарска противвредност. Издадена е и наредба за уништување на небезбедните производи“, наведува АХВ.
Агенцијата за храна и ветеринарство продолжува со спроведување мерки за сузбивање на нелегална трговија со храна, за која може да пријават и граѓаните на бесплатната телефонска линија за потрошувачи 0800 3 22 22, електронска на [email protected], или лично во Агенцијата.