Ограбен “Кам“ маркет на Октомвриска
15.11.2013 15:35
| KumanovoNews
Вооружен и маскиран крадец синоќа го ограбил “Кам“ маркет на булеварот Октомвриска револуција.

Напаѓачот влегол во маркетот пред крај на работното време околу 21 часот и веднаш го репетирал пиштолот. Пришол до продавачката што ја редела стоката на еден од рафтовите и и наредил да отиде до касата да му го даде пазарот или ќе пука во неа. Исплашената жена го послушла и од касата му дала околу 12.000 денари. Кога ги зел парите напаѓачот побегнал. Грабежот веднаш бил пријавен во полиција и се преземаат мерки за расчистување на случајот.