Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ограбена е црквата „Света Богородица“ во месноста Забел, Општина Старо Нагоричане. Крадецот одзел пари и други предмети.
„Вчера во 9.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека непознат сторител со употреба на подесен алат и сила влегол во црквата „Света Богородица“ на место викано „Забел“ во с.Старо Нагоричане и одзел пари и други предмети“, соопштува МВР.
Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.