×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Околу 90 кандидати се пријавиле за листата на советници на СДСМ во Куманово

    06.07.2021 11:18 | KumanovoNews

     Голем интерес за советничката листа на СДСМ за престојните локални избори. Преку 90 кандидати за советник се пријавиле за советничката листа на СДСМ, констатирал ИО на СДСМ во Куманово на синоќешната седница. Дел од пријавените се советници во актуелниот состав.

     

    Околу 90 кандидати се пријавиле за листата на советници на СДСМ во Куманово

    „Околу 90 партиски членови пополнија пријава за кандидат за советник за наредниот состав на Советот на општината. Извршниот одбор на ОО СДСМ Куманово е со заеднички став дека ќе бидат доставени до централното партиско раководство сите предлози за кандидати како за градоначалници, така и за советници. Ние сме амбициозна општинска организација и имаме што да понудиме. Конечната одлука ја носи централниот одбор на СДСМ предводен од претседателот и премиерот Зоран Заев, а која се очекува официјално да биде донесена до крајот на месец август“, изјави Катерина Пешиќ Бошковска - портпарол на ОО СДСМ Куманово.

    Кандидати за градоначалник од СДСМ се Максим Димитревски, Мартин Костовски, Атина Мургашанска и Оливер Илиевски.