Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Сите 80 општини поднеле апликации за реализација на инфраструктурни проекти од вториот повик на Владата, за кој се предвидени 250 милиони евра.
„Можам да кажам дека сега имаме близу 900 проекти само од вториот проект. Или кога ќе се соберат од првиот повик заедно, тогаш ќе имаме вкупно 1.200. Тоа се 1.200 градилишта во Македонија. Тоа е историска, би рекол вековна работа. И тоа го правиме за идните генерации, но и за денешните генерации кои што заслужуваат подобри услови за живот“, истакна претседателот на Владата Христијан Мицкоски.
Општина Куманово најави дека на вториот владин повик ќе аплицира со единаесет проекти, кои изнесуваат 814 милиони денари. На првиот повик доби 3 проекти, кои чинат 4 милиони евра.
На првиот повик беа избрани 288 проекти на 80 општини во земјата.