Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Оливер Илиевски, попладнево се сретна со жителите на кумановските села Пчиња и Романовце, при што разговараше за проблемите со кои се соочуваат.
„Приоритет за селото Пчиња е дислокација на депонијата во близина на селото, но ќе работиме и на реконструкција и асфалтирање на патиштата во селото. Исто така ќе биде изградена и канализација, која одамна требаше да се заврши“, кажа Илиевски.
Кандидатот за градоначалник најави дека ќе обезбеди и изгради систем за наводнување на земјоделските површини, а ќе се бараат финасиски средства за проекти кои ќе придонесат Пчиња да стане модерна и еколошки урбана заедница, бидејќи ги има сите предуслови за такво нешто.
При посетата во селото Романовце, како главен проект беше посочена изградбата на канализациона мрежа, а ќе продолжи и асфалтирањето и реконструкцијата на улиците и изградба на нови тротоари.
„Приоритет ќе биде изградбата на пешачка патека покрај главниот пат кој води кон селото. Ќе изградиме и детско катче и ќе го реконструираме игралиштето во училишниот двор“, заврши Илиевски.
На средбата кандидатот за градоначалник истакна дека соработката со централната власт ќе биде на највисоко ниво за да можат сите проекти да се реализираат.
Потпреседателот на СДСМ Оливер Спасовски потенцираше дел од проектите за кои е сигурен дека кандидатот Оливер Илиевски ќе ги реализира како изработка на проект и изградба на канализациона мрежа и реконструкција на училишниот двор, детско катче за Романовце. Израдба на водоводна мрежа, дислокација на депонијата, асфалтирање на патот од мостот до Бислимска клисура изработка на филтер станица за Пчиња.
„Помеѓу градоначалникот и граѓаните не треба да има посредници или бариери. Само директната, редовна и двострана комуникација може да создаде систем за брза реакција на проблемите во општината. Оливер Илиевски ќе биде целосно достапен секојдневно за граѓаните за секој еден проблем да се најде решение“, потенцираше на крај Спасовски од своето обраќање пред граѓаните.