×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Опасно е загаден воздухот во Куманово, покажуваат локалните мерни станици

    03.01.2023 19:53 | Сузана Николиќ

    На три од шест локации во Куманово каде што се мери квалитетот на воздухот, резултатите од мерните станици покажуваат дека загадувањето е на опасно високо ниво.

    Опасно е загаден воздухот во Куманово, покажуваат локалните мерни станици

    Најзагадено е во околината на Техничкото училиште „Наце Буѓони“ каде во 19 часот присуството на суспендирани ПМ10 честички е за 6 пати повисоко од дозволеното и изнесува 296 мг/м3. Следeн по загаденост е центарот на Куманово, поточно мерното место на Градскиот плоштад каде загадувањето со ПМ10 честички е 92 мг/м3 , исто како и во околината на Автобуската станица и бул. Октомвриска револуција со 92 мг/м3. 

    На другите три станици податоците не се ажурирани, станицата не работи или воопшто не е прикажана во системот. Па така, податоците на мерната станица во училиштето „Кочо Рацин“ во населбата „Гоце Делчев“ покажува присуство на ПМ10 честички од 296 мг/м3, но стои дека податоците се од 11 ноември 2022 година.  Мерната станица кај Противпожарниот дом покажува дека квалитетот на воздухот е добар и има нула загадување, што упатува дека станицата не е во функција. Додека шестата станица воопшто ја нема на сајтот.

    Дозволената концентрација на ПМ 10 честички изнесува 50 мг/м3.

    Поради енормната загаденост на воздухот во целата држава, од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), препорачуваат граѓаните да останат дома ако не треба да излегувате, а возрасните и децата со проблеми со белите дробови, возрасните со срцеви проблеми и постарите луѓе треба да избегнуваат напорна физичка активност. 

    Поради променливото време и големата загаденост, зголемен е бројот на повици на хронично болни со респираторни проблеми во Брзата помош, како и пациенти на детското одделение.

    И покрај големото загадување Општината Куманово се уште нема мерки за намалување на загаденоста.

    Куманово пред една година воспостави сопствен систем за мерење на квалитетот на воздухот во градот, со цел да го контролира степенот на загадувањето во поширокиот дел на општината. Набавени се шест мерни станици, кои се поставени на различни локации во градот, а информациите се достапни преку општинската веб-страна.

    За набавка на мерните станици Општината потроши 660 илјади денари.