Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Бобан Николовски,на денешната седница побара објаснување од градоначалникот Зоран Дамјановски, зошто досега не се реализира проектот седниците на Советот да се пренесуваат на некоја телевизија во градот.
Пред повеќе од година ипол е донесовме одлуката нашата работа да бидат директно пренесувана на една од локалните телевизиски куќи или да бидат снимани, со цел граѓаните да бидат запознаени правовремено, целосно и реално за прашањата и проблемите за кои се дискутира на седниците. Оваа одлука требаше да биде чекор понапред во однос на транспарентноста и затворениот начин на работа на локалната самоуправа, градоначалникот и Советот на општината. Дали оваа одлука не заживеа затоа што не ви одговара граѓаните директно да ги гледаат седниците, и сами да дојдат до вистината, туку ви оди во прилог да ја претставувате онака како што ви одговара- праша Николовски.
Градоначалникот се правдаше дека во моментот телевизиите немаат технички капацитет да одговорат на барањата договорени со одлуката, но дека новинарите имаат услови професионално да известуваат за работата на Советот.
Ние во моментот не можеме да обезбедиме телевизиска куќа која има опрема со која ќе ја снима седницата.За таа работа треба најмалку две телевизии, на четири говорни подрачја. Меѓутоа одлуката важи и само е прашање кога таа ќе се реализира. Се бара начин како со иста снимка да се покријат сите говорни подрачја и да се испочитува законската обврска. Во меѓувреме Советот е отворен за сите медиуми, и сите информации се достапни до јавноста, кои тие ќе проценат дека се интересни и се заинтересирани да ги пласираат во јавноста- рече Дамјановски.