×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Крива Паланка го објави конкурсот за наградите по повод Денот на ослободувањето „8-ми Октомври“

    21.09.2021 12:49 | Жаклина Цветковска

    Наградите „8-ми Октомври“, „Почесен граѓанин на Крива Паланка“ и „Признание за особени постигнувања и придонес за развојот и афирмацијата на Општина Крива Паланка“ за 2021 година и годинава ќе бидат доделени на заслужни поединци и правни лица, по повод Денот на ослободувањето на oпштината.

    Општина Крива Паланка го објави конкурсот за наградите по повод Денот на ослободувањето „8-ми Октомври“

    Наградата „8-ми Октомври“ се доделува на физички и правни лица од општината Крива Паланка и од државата, во знак на општествено признание за особени постигнувања во стопанството, науката, уметноста, културата, спортот, воспитанието и образованието, заштитата и унапредување на животната средина и природата, како и во други области на трудот и творештвото од значење за развојот на Крива Паланка и нејзина афирмација во зeмјата и во светот.

    Покрај на физички и правни лица, наградата се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или за континуирани успешни резултати во наставни и воннаставни активности.

    Општината доделува и награда „Почесен граѓанин на Крива Паланка“ за исклучителни заслуги и афирмација на градот во Европа и светот, како и „Признание за особени постигнувања и придонес за развојот и афирмацијата на Општина Крива Паланка“.

    Предлозите треба да бидат доставени, најдоцна до 28.09.2021 година.

    Линк до конкурсот за наградите тука

    https://www.krivapalanka.gov.mk/wp-content/uploads/2021/09/konkurs-za-8-oktomvriska-nagrada-2021-1.pdf