×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Куманово доби 11,7 милиони денари за внатрешно уредување на спортската сала

    22.06.2021 08:01 | KumanovoNews

    Со дополнителни 11,7 милиони денари, кои Општина Куманово ги доби преку програмата за рамномерен регионален развој ќе се реконструира и уредува внатрешноста на спортската сала во Куманово.

    Општина Куманово доби 11,7 милиони денари за внатрешно уредување на спортската сала

    Предходно, беа одобрени 320 илјади евра за замена на кровната конструкција, и реконструкцијата е веќе започната. Средствата за двата проекти се обезбедени за проекти на Североисточниот плански регион од ист фонд од Бирото за регионален развој - Министерство за локална самоуправа, преку програмата за финансирање на проекти за развој на урбани подрачја и одржлив урбан развој за 2020, 2021 и 2022 година.

    Советникот Самет Салиевски, праша дали со реконструкцијата на спорската сала ќе биде опфатена и малата сала која се користи за тренинзи на боречките спортови.

    „Има се поголем интерес од младите да се занимаават со бокс. Ние имаме традиција за овој спорт и таа треба да продолжи. Во преговори сме за организација на еден голем боксерски турнир во чест на нашата легенда Мирослав Петровиќ, на кој ќе учествуваат боксери од сите балкански држави. Затоа бараме да се реконструира и оваа сала за да се подобрат условите за работа“, кажа советникот Салиевски.

    Градоначалникот Максим Димитриевски најави дека ќе се направат напори и оваа сала да добие нов лик.

    „Во рамките на тие средства ние ќе се обидеме да ја реконструираме и салата на боксерите и верувам дека ќе добиеме сала со сите услови за тренирање на нашите боксери и сите боречки вештини, кои биле интересни за нашите сограѓани“, изјави Димитриевски.  

    Спортската сала во Куманово со години наназад се наоѓа во исклучително лоша состојба, поради тоа што кровот протекува и направени се оштетувања во внатрешноста на објектот. Со замена на кровната конструкција ќе се создадат услови за спроведување на вториот проект за доуредување и враќање на спортскиот живот во салата.

    Владата минатата година ја врати во владение спортската сала на Куманово и најави помош за нејзина реконструкција.

    Спортската сала во Куманово има капацитет од 4.150 седишта, изградена е во 1980 година. Била проектирана од архитектите Трајко Димитров и Живко Гелевски во 1979 година. Градбата ја добило Големата награда на Биеналето на Македонската архитектура (БИМАС) во 1981 година.

    (С.Н.)