×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Куманово е во групата на институции со „многу добра“ активна транспарентност

    10.07.2023 16:37 | Оливера Пешевска

    Општина Куманово се наоѓа во групата институции со „многу добра“ активна транспарентност за 2023 година, највисоко од останатите општини во регионот .

    Општина Куманово е во групата на институции со „многу добра“ активна транспарентност

    Според извештајот на Центарот за граѓански комуникации, објавен денеска активната транспарентност на локалната власт изнесува 95,8 % од можни 100 насто. Со овие бодови, општината се наоѓа на 11 позиција од вкупно 98 рангирани институции. 

    „Оваа општина од Североисточниот регион веќе трета година по ред се наоѓа во најдобрата група институции со „многу добра“ активна транспарентност подобрувајќи се секоја година од 2018 година наваму“, стои во објавата.

    Според ова истражување особен напредок бележи Општина Липково, која за прв пат се наоѓа на позицијата за „многу добра“ активна транспарентност на институциите и рангирана е како 45. Таа остварува активна транспарентност од 81,2 насто.

    Од Северо-источниот регион во категоријата најдобро рангирани институции се наоѓа и Општина Крива Паланка, четврта година по ред. Крива Планка има остварено 81,4% транспарентност и се наоѓа на 43 место. Но, сепак има пад во минатите две години затоа што во 2021 година имала остварено 95,7 процентни поени.

    Најлошо на табелата котира Општина Старо Нагоричане со остварено 86 место од 98 рангирани институции. Старо Нагоричане по втор пат во својата историја има исполнетост од 50,7%, што е за нијанса подобро од прагот од 50 насто и ја носи оценката „многу слаба“ активна транспарентност.

    Како „просечна“ е оценета Општината Ранковце, рангирана 83 со 52,2% процентни поени. Тоа е голем пад во однос на 2016 година кога Ранковце имала над 71% што е нејзин најдобар резултат досега.

    Златата средина со оценка „добра“ ја држи општината Кратово чии институции покажале транспарентност од 64,3% и го зазема 77 место на ранг - листата. Во таа категорија Кратово стабилно се држи од 2016 година, од кога е започнато со ваквите истражувања до сега.

    Центарот за граѓански комуникации објави дека се влошува состојбата со одговорите на барањата за слободен пристап до информациите од јавен карактер, што им беа испратени на сите институции во ист ден и со исто прашање. Општините одговориле во просек за 16 дена, а минатата година за тој процес биле потребни 12 дена.

    Иако општините за 4 процентни поени се подобриле во својата активна транспарентност, сепак останува уште многу работа за целосна отвореност кон јавноста и целосна достапност на информациите. Како најчувствителна тема се финасиите на кои општините информираат со само 57 насто.

    Најдобро рангирани општини во РС Македонија се Велес, на високото 3 место и Гевгелија на 4 место. Двете општини имаат 98,6% активна транспарентност. Пред Куманово на 11 место од локалните субјекти се и Берово, Делчево, Кичево, Кочани и Градско.