Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од Секторот за инспекциски надзор и животна средина при Општина ги демантираат информациите на асоцијацијата “Ајде Македонија“, дека во Куманово е пријавена само една акција за чистење во рамки на проектот “Македонија без отпад“.
Во програмата која на 23 септември електронски е испратена до организаторите “Ајде Македонија“ и Министерството за животна средина стои дека ќе се чисти на 98 локации, а ќе се вклучат вкупно 23 средни и основни училишта 5 јавни претпријатија. Ќе бидат исчистени 20 места каде има диви депонии и 50 станбени објекти. Во функција на акцијата ќе бидат ставени 30 возила на ЈП “Чистота и зеленило“- велат од Сектор за инспекциски надзор и животна средина.
Во чистењето на околината се ангажирани 1500 учесници, ученици, граѓани, вработени во споменатите институции.
Од секторот велат дека кога ги пријавиле активностите, побарале 1000 кеси за отпад, 1500 пара ракавици, а добиле само 200 кеси и 10 постери.
Во рамки на акцијата „Да ја исчистиме Македонија„, денеска учениците од ОУ „Бајрам Шабани„ чистеле културно-историски споменици во општината.