×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Куманово го одбележува 11 Ноември- Денот на градот со бројни активности

    03.11.2022 12:14 | Оливера Пешевска

    Пред  два дена започнуваа  активностите  на  Општина Куманово  за одбележување на Денот на ослободувањето на  градот „11 Ноември“. Програмата вклучува културни манифестации, спортски турнири, планинарски тури, со многу учесници меѓу кои и  маргинализирани групи како лицата со посебни потреби и пензионерите.

    Општина Куманово го одбележува 11 Ноември- Денот на градот со бројни активности

                „Порака наша“ во соработка со НУ Музеј Куманово вчера го реализираше проектот „Едукација и за нас невидливите“ во просториите на здружението, а пензионерите на 16 ноември во Занаетчискиот дом ќе имаат свои активности под мотото „Пензионерите за својот град“.

     Централен настан се двата концерти што се одржуваат на градскиот плоштад, традиционално бесплатни и кои секоја година привлекуваат голем број на посетители. Годинава, на првата концерна вечер што ќе се одржи на  09 ноември настапуваат младите од „Дајте музика“, нашиот сограѓанин Тајзи и Сара Јо, а во предвечерието на празникот, на  10 ноември следува   мега концертот со Влатко Лозаноски Лозано, Некст Тајм, Барди и Алкана. Концертите започнуваат во 20.00 часот.

                НУ Музеј Куманово ја збогатува програмата со дигитализирање на археолошки содржини за локалитетите Градиште(с. Младо Нагоричане) и Црквиште (с.Клечовце), како и со проекции на етнолошките и другите филмови во нивна продукција меѓу кои  „Мека душа за тврдо железо“, „Албатинот раскажува“,„Патот на надежта“, „Ерделезе-традицијата продолжува“.Истовремено, се организираат и повеќе изложби  во уметничката галерија, сопствените простории и во Занаетчискиот дом каде ќе се одржат   Деновите  на Балканската етно ризница.  Активностите по повод Денот на градот ќе ги завршат со самостојната изложба на Марина Цветановска Мартиновска, која ќе биде отворена  на 30 ноември.

              И  НУЦК „Трајко Прокопиев“ се придружува кон одбележувањето на празникот со неколку изложби и фолклорен концерт на КУД „Бајрам Шабани“ на 04.11.2022.

                Спорстските турнири, пак, се организираат на различни локации и во различни спортови. Уличната атлетска трка е закажана за 10-ти ноември,а ден подоцна на Градскиот кеј ќе се одржи и натпреварувањето во велосипедизам. На 13 ноември ќе се реализира планинарска тура „11 Ноември“. Покрај тоа ќе има и турнири во футсал, фудбал, кошарка, женска кошарка и пинг понг.            Богатата програма вклучува и креативна детска работилница на 12 ноември во Уметничката галерија, под мотото „Кумановски ликовни уметници“,а на 13.11.2022 во спомен куќата на Христијан Тодоровски-Карпош ќе се оддржи едукативната работилница „За празникот на мојот град“. 

                Официјалните општински настани  во чест на осободувањето на Куманово,ќе се одбележат  токму на денот на  празникот. На 11 ноември, во 11 часот, ќе се положи свежо цвеќе на Спомен костурницата,а потоа во салата на Домот на кулурата ќе се одржи свечена седница на Советот на Општина Куманово, со почеток во 12.00 часот.

                На крајот на месецот ќе се прослави и Денот на албанската азбука (22.11.) и Денот на албанското знаме (28.11) .