×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Куманово годинава со буџет од 11 милиони евра, два кружни тека се дел од капиталните инвестиции

    04.01.2021 14:16 | KumanovoNews

     Основниот буџет на Oпштина Куманово за 2021 година ќе биде 692 милиони денари или 11 милиони евра. Вкупниот буџет заедно со дотации од државата ќе изнесува 1.9 милијарди денари или 30 милиони евра.

    Општина Куманово годинава со буџет од 11 милиони евра, два кружни тека се дел од капиталните инвестиции

    Градоначалникот Максим Димитриевски вели дека буџетот е развоен и остварлив, каков немало одамна.

    „Конечно дојде времето во Општина Куманово да разгледуваме една амбициозна програма. Со овој буџет сакаме Куманово да го направиме подобро место за живеење, а не сме далеку од таа цел. Минатата година имавме развојна програма некаде со околу 17 милиони денари, оваа година имаме планирани реални средства од 115 милиони денари“, рече Димитриевски.

    Раководителката на Секторот за финансии во Општина Куманово, Ирена Илиевска, потсети дека Општината заклучно 2020 година нема долгови ниту пак нереализирани проекти.

    „Буџетот е развоен и главен акцент се става на капиталните трошоци. Развојната програма е 115 милиони денари, за изградба на улици и тротоари, фекална и атмосферска канализација, водоводна мрежа, кружни токови и други капитални проекти“, рече Илиевска.

    Во програмата за 2021 година предвидена се повеќе средства за работа на јавните претпријатија „Чистота и зеленило“, „Куманово план“ и „Куманово гас“. Ќе има повеќе пари за експропријација, за уредување на градежно земјиште, летно одржување на улиците и реконструкција на улиците, за поставување на бекатон, ново улично осветлување, нови спортски објекти, за културни и спортски настани, социјалната програма и др.

    Советниците од опозицијата сметаат дека програмата и буџетот не се развојни, туку направени по мерка на локалните избори. Тие се побунија затоа што не се консултирани при изработка и креирање на развојната програма, за да дадат свои предлози и приоритети од средините каде што доаѓаат.

     Буџетот беше изгласан со 18 гласа за, 9 против и ниту еден воздржан.