×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Куманово има проект, но нема пари за реконструкција на мостот во Пчиња и бара странски донатори

    22.06.2023 14:12 | Сузана Николиќ

    Општина Куманово изработила проект за реконструкција на мостот на реката Пчиња, во истоименото кумановско село, но нема пари за негова реализација.

    Општина Куманово има проект, но нема пари за реконструкција на мостот во Пчиња и бара странски донатори

    Според груба проценка на градоначалникот Максим Димитриевски, реконстукцијата би чинела околу 300.000 евра.

    „Веднаш по доаѓање како градоначалник пред 5 години, порачав проект за целосна реконструкција и проширување на мостот. Општината го плати проект, бидејќи тоа е траса од регионално значење која ја поврзува општина Куманово со општина Петровец. Ние првично разговаравме во Министерството за животна средина со кои работиме на затворање на депонијата Краста, и добивме ветување од тогашниот министер дека ќе се инвестираат во мостот, но тоа не се случи. Општината нема капацитет да го реши проблемот сама и затоа аплициравме со два проектот кај европски донатори, за реконструкција на мостот во село Пчиња и за изградба на нов мост во село Довезевце на Крива река, и чекаме одговори“, кажа Димитриевски.
      
    Проблемот со мостот на реката Пчиња е присутен повеќе од 10 години, откако во поплавата во 2013 година е оштетен од надојдените води. Жителите на селото Пчиња и соседните села, се жалат дека им е загрозена безбедноста додека се движат по мостот, бидејќи двата главни столбови се оштетени. Тие кажуваат дека откако мостот е оштетен бараат помош од сите државни и локални институции, но безуспешно. Пред секои избори ги посетуваат политичари од сите партии, но решение за нивниот горлив проблем се уште нема.

     Мостот е изграден во седумдесетите години на минатиот век од тогашната ЈНА, и досега не е поправан.