×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Куманово испрати опомени за неплатен данок на имот и фирмарина за лани, следи присилна наплата

    18.01.2023 15:49 | Оливера Пешевска

    Општина Куманово ги известува граѓаните дека се дистрибуирани опомените за неплатени обврски по основ данок на имот за правни лица и комуналана такса за назив на деловна просторија за 2022 година.

    Општина Куманово испрати опомени за неплатен данок на имот и фирмарина за лани, следи присилна наплата

    „Доколку даночните обврзници не постапат соголасно наведеното во опомената, односно не го платат даночниот долг и долгот по основ комунална такса во рок од осум дека од денот на доставување на опомената на последната адреса што ја имаат пријавено кај нас, ќе се пристапи кон генерирање на Решение за присилна наплата согласно чл.55 од Закон за даноците на имот , односно ќе се постапи согласно чл.73 од истиот закон и ќе се донесе Решение за забрана на користење на средства на даночниот обврзник од неговите сметки кај носителите на платниот промет“, велат од Општина Куманово.

    Надлежните од даночното одделение на Општина Куманово велат дека обврските не ги подмириле околу 40 отсто од фирмите, а  се надеваат дека другите ќе го сторат тоа пред истекување на рокот за присилна наплата.

    „Наплатата по опомените се зголемува, дел од нив веќе ги имаат подмирено сметките, дел очекуваме во наредните неколку дена. Како ненаплатени побарувања влегуваат и заостанати долгови на фирми од претходните години. Некои се во фаза на затворање, но законската обврска е дека мора да ги подмират решенијата за данок пред целосно затворање на фирмата и бришење од регистерот“, вели Ненад Стојановски, раководител на Секторот за даноци и такси на Општина Куманово.

    Генерирање на Решение за присилна наплата се врши согласно чл.55 од Закон за даноците на имот, односно се постапува согласно чл.73 од истиот закон, при што се донесува Решение за забрана на користење на средства на даночниот обврзник од неговите сметки во банките каде субјектот има отворена сметка.

    Од општинските служби апелираат и физичките и правните лица да ја користат новата платформа за електронска наплата инсталирана на сајтот на општината. Со регистрирање на меил адреса и ЕМБГ за физички лица или даночниот број за фирмите граѓаните имаат увид во целокупниот долг на име на даноци и такси. Платформата за електронска наплата е https://enaplata.kumanovo.gov.mk.