×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Куманово ќе префрли 3 милиони денари за мартовската плата во „Пазаришта“

    08.05.2025 13:28 | Оливера Пешевска

    Советот на Општина Куманово на последната седница донесе Одлука за зголемување на основната главнина на ЈП „Пазаришта“ Куманово во износ од 3 милиони денари, како дел од четвртото по ред зголемување на капиталот на претпријатието.

    Општина Куманово ќе префрли 3 милиони денари за мартовската плата во „Пазаришта“

    Со оваа интервенција, вкупната основна главнина на ова претпријатие сега изнесува 16,5 милиони денари. Парите се одобрени за  мартовската плата на вработените, кои се кратат од друга прогарама.

    „Од Програмата за изградба и реконструкција на улици, мостови и кружни текови, 3 милиони денари се прераспределуваат на Програмата за други комунални услуги, односно се наменуваат за зголемување на основната главнина на ЈП „Пазаришта“, која сега вкупно изнесува 16,5 милиони денари“, кажа Никола Денковски, раководител во Одделение за буџетска координација и буџетска контрола.  
    ЈП „Пазариште“ од Куманово работи со загуба од 8,3 милиони денари и има недоспеани обврски кон добавувачи од околу 2,4 милиони денари,  вкупно 10.7 милиони денари  или над 173.000 евра.

    Директорот Гзим Кадриу во поднесување на годишниот извештај нагласи дека во текот на 2023 и 2024 година имаат зголемување на трошоците, пред сè поради растот на минималната плата, додека приходите на „Пазариште“ не го следат истиот тренд. Месечниот фонд за плати се зголемил на околу 2,3 милиони денари, а со дополнителни трошоци за ДДВ и електрична енергија, расходите достигнуваат до 3 милиони денари месечно. Нивните приходи се околу 2,2 милиони денари.

    „Пазариштa“ е единствено јавно претпријатие кое за својата работа не добива пари од граѓаните, туку обезбедува средства само од закупците на тезги“, потенцираше Кадриу. 

    Дел од советниците изнесоа предлог ова јавно претпријатие да се интегрира во некое друго, што можеби би значело стабилизација на неговото работење.