×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Куманово поднесе кривична пријава за злоупотреба на службена положба против поранешен вработен

    12.05.2023 14:58 | Сузана Николиќ

    Општина Куманово поднесе кривична пријава против поранешно вработено лице во Општината за злоупотреба на службена должност, по член 353 од КЗ. 

    Општина Куманово поднесе кривична пријава за злоупотреба на службена положба против поранешен вработен

    Лицето се сомничи дека додека било на работна позиција во Општина Куманово, во постапка за легализација на имот се откажало од корисничко право за земјиште на кое бил построен објект, кој требал да биде легализиран на име на општина Куманово, а со крајна цел да овозможи на трето лице да се стекне со имотна корист, така што ќе го легализира објектот на сопствено име. 

    „Со ова лицето В.Б. ги пречекорило своите законски овластувања и ја оштетило Општината за износ од 2.152.192 денари, при тоа со наведеното постапување се јавува како оштетена страна и Здружението за слепи лица од Куманово, кому општина Куманово го дала на употреба објектот за свои потреби. Од страна на Општината незаконското решение е поништено“, соопштуваат од Општина Куманово.